Skip to main content

Ердоган сака да посредува меѓу Израел и Иран, повика на итно запирање на конфликтот

facebook/Recep Tayyip Erdoğan
facebook/Recep Tayyip Erdoğan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.

Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион. За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.

Поврзани вести