Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во поголема група луѓе во Њу Орлеанс на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, според официјалните информации на градската агенција за подготвеност за итни случаи, НОЛА Реди.
Полицијата во моментов истражува инцидент со голем број жртви во кој учествуваше возило кое удри во поголема група луѓе на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон. НОЕМС (NOEMS – New Orleans Emergency Medical Services) досега има превезено 30 повредени пациенти, а потврдени се десет смртни случаи.