Skip to main content

Данска испраќа поранешен крузер од СССР на Гренланд за потребите на НАТО

Данска испраќа поранешен советски брод во Гренланд за потребите на НАТО.

Големиот крузер „Оушн Ендевор“ ќе се закотви во Нуук овој викенд и ќе служи како пловечка касарна за 150 војници кои учествуваат во вежби, објавува „Билд“.

Бродот е изграден во 1982 година во СССР под името „Константин Симонов“. По распадот на Советскиот Сојуз, тој беше преименуван и користен за поларни експедиции.

Сега, овој брод ќе се користи во воената инфраструктура на НАТО.

Поврзани вести