Skip to main content

Борел: Убиството на шест новинари во Газа не беше случајно, ИДФ знаеја кои се тие

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денес изјави дека убиството на шест новинари во Газа не било случајно и го обвини Израел дека ги таргетира.

„Неверојатно е како меѓународната заедница не реагира“, рече Борељ, критикувајќи го недостатокот на заеднички европски одговор на ситуацијата во Газа, пренесува RTVE.

Тие знаеја каде се и тргнаа по нив. Нетанјаху постојано вели дека ништо не се случува во Газа, дури рекоа дека биле ставени на диета. Луѓето гладуваат, а оваа банда убијци вели дека се на диета“, рече Борељ.
Борељ изјави дека целта на Израел е да ги протера сите Палестинци од Појасот Газа, но дека Египет не сака да ги прими од загриженост дека тоа ќе му одговара на Тел Авив.

Тој, исто така, го осуди недостатокот на одговор од меѓународната заедница и го критикуваше молчењето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и наводното соучество на САД во акциите на Израелските одбранбени сили во Газа, но ја пофали Шпанија, која ја прекина одбранбената соработка со Израел и ја призна државата Палестина.

Во мај, Европската унија објави дека ќе го разгледа договорот за соработка со Израел на барање на Шпанија и три други земји, а во јули, Европската комисија (ЕК) предложи делумно суспендирање на учеството на Израел во научно-истражувачката програма „Европски хоризонт“.

„Претседателот на Комисијата мора да го стави ова прашање на дневен ред и да достави предлог до Советот“, рече Борељ и истакна дека само фон дер Лајен може да покрене таква постапка.

Поврзани вести