Skip to main content

Белгиската полиција приведе три лица под сомнеж за планирање џихадистички инспирирани напади врз политичари

Три лица се приведени во градот Антверпен поради сомнеж дека планирале убиства на политичари, вклучително и на белгискиот премиер Барт де Вевер, информира белгиската федерална обвинителка Ан Франсен.

На вечерашната прес-конференција Франсен соопшти дека приведените се на возраст од 24, 23 и 18 години и дека за планираните терористички активности биле „инспириран од џихадисти“.

– Тие беа лишени од слобода во рамки на истрага за обид за терористички напади и учество во активности на терористичка група, изјави Франсен.

Обвинителката додаде дека трите лица биле приведени во рамки на денешната акција во Антверпен, при која беше изврши претрес во четири куќи со учество на припадници на службата за деактивирање експлозивни направи и полициски кучиња трагачи.

Според неа, при претресите во домот на еден од осомничените е пронајдена импровизирана рачно изработена експлозивна направа и вреќичка со мала челични кугли.

Во домот пак на друг од осомничените е пронајден 3Д печатач, која, како што нагласи Франсен, најверојатно бил користен за производство на делови што би биле употребени за нападите.

Франсен додаде дека постојат индикации оти осомничените имале намера за нападите да користат дрон на кој би била прикачена експлозивна направа.

По првичното сослушување, двајца од уапсените се задржани во притвор и утре ќе бидат изведени пред истражен судија, додека третиот е ослободен.

Според белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ, една од куќите во која биле извршен претрес се наоѓала на „неполн половина километар“ од домот на премиерот Де Вевер.

Инаку, во Белгија во сила е трето ниво на скалата на четири нивоа на терористичка опасност, што значи дека има „сериозна закана“ и дека напад е „можен и веројатен“.

Поврзани вести