Skip to main content

Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите до Овалната соба

Facebook/The White House

Белата куќа објави ново правило со кое се ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба.

Во меморандумот се вели дека на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од заштита на потенцијално чувствителни информации. Во документот се вели дека промената ќе стапи на сила веднаш.

Одлуката на Белата куќа следува по ограничувањата воведени претходно овој месец за акредитираните новинари во Министерството за одбрана, што принуди десетици новинари да ги напуштат канцелариите во Пентагон и да ги вратат своите акредитации, пренесуваат светските агенции. 

Поврзани вести