![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/bela-kukja-1.jpg)
Aмериканскиот претседател Џо Бајден и неговиот тим го следат „вонредниот развој во Сирија“ и се во постојан контакт со партнерите во регионот, соопшти денеска Белата куќа.
Ова соопштение следи по информациите дека сирискиот претседател Башар ал-Асад го напуштил Дамаск и се упатил кон непозната дестинација, додека бунтовниците објавија дека влегле во главниот град, каде нема знаци за распоредени владини сили.