Skip to main content

Албанија стана дел од Европската иницијатива за воздушна одбрана

Албанија стана дел од важен европски безбедносен механизам во областа на одбраната.

За време на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, Албанија и Португалија потпишаа меморандум за разбирање за понатамошен развој на Европската иницијатива за воздушна одбрана (European Sky Shield Initiative–ESSI) со што бројот на земји кои учествуваат во оваа иницијатива се искачи на 23, објави албанската државна агенција, АТА.

Според агенцијата, министерот за одбрана Пиро Венгу, кој го потпишал меморандумот во име на албанската влада, изјавил дека “Албанија се приклучува на германската иницијатива чија цел е зајакнување на воздушната и ракетната одбрана на Европа преку заедничка опрема и системи”.

Поврзани вести