Skip to main content

Ајатолахот Али Хамнеи му ги предал главните државни овластувања на шефот на националната безбедност

X / KHAMENEI.IR | فارسی
X / KHAMENEI.IR | فارسی

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, му ги предал главните овластувања на шефот на националната безбедност, Али Лариџани, додека земјата се подготвува за можна војна со САД и Израел, анализира „Њујорк тајмс“.

Спореед изданието, Лариџани сега раководи со клучни безбедносни, воени и дипломатски операции, ставајќи го настрана претседателот Масуд Пезешкијан.

Хамнеи наредил опсежно планирање за непредвидени ситуации, вклучително и креирање неколку слоеви за наследување во случај на атентат врз врвните политички и воени лидери во земјата – вклучувајќи го и него самиот.

Иран ја стави својата војска во состојба на висока готовност, премести ракетни системи на стратешки локации, спроведе воени вежби и ги подготви домашните безбедносни сили за смирување на немирите во воено време.

Поврзани вести