Skip to main content

Администрацијата на Трамп ќе воведува нови санкции против Русија

Freepik
Freepik

Американските претставници подготвуваат нови економски санкции против Русија во областите на банкарството и енергетиката, со цел да го зголемат притисокот врз Москва да ги прифати напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, изјавија тројца неименувани американски претставници запознаени со тоа прашање за американски медиуми.

Санкциите се насочени кон рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ и големи субјекти во секторите за природни ресурси и банкарство, информира функционер на администрацијата на Трамп кој побарал анонимност.

Не е сосема јасно дали Трамп ќе го одобри тој пакет санкции со оглед на неговиот почетен позитивен став за изјавите и постапките на официјална Москва, додаваат американски медиуми.

Поврзани вести