Skip to main content

17-годишниот син на Кадиров е назначен за шеф на чеченскиот оддел на МВР

printscreen

17-годишниот син на лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров, Адам, е назначен за шеф на чеченскиот оддел на Министерството за внатрешни работи.

Покрај оваа функција, Адам ќе го води и обезбедувањето на неговиот татко.

Пред некој ден, на Адам му беше доделен медал на руската национална гарда „За воени заслуги“, а во октомври 2023 година, на младиот Кадиров му беше доделена титулата Херој на Чеченија.