Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром, велат во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата вети изградба на градинки во Аеродром, каде бројот на деца ги надминува капацитетите за сместување.

Ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња. Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини – велат од владејаљчката партија.

Од таму посочуваат дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нудела мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.

Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани. Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива. Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9, се вели во соопштението на владејачката партија.

Поврзани вести