Skip to main content

Продолжува чистењето на Скопје, на ред е коритото на реката Вардар

Од Јавното претпријатие Улици и патишта објавија дека се превземаат активности за машинско чистење на коритото на река Вардар.

Од споделените фотографии и видеа од терен може да се забележи дека со механизација се чисти коритото од отпад.

-Рачно се отстрануваа насобраната пластична амбалажа и смет од косините на реката, а багери и останата механизација машински се чисти кабаст и земјан материјал кој е насобран во централниот дел на кејот, информираа надлежните.

Ова е дел од акцијата за комплетно чистење на градот кој го најави новоизбраниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

-Во акцијата за чистење од Град Скопје се вклучени сите екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје со сета расположлива механизација и работен капацитет и тие деновиве ќе работат до целосно расчистување на кејот на река Вардар, соопштија од претпријатието.

Поврзани вести