Skip to main content

Мостот на улицата „Љубљанска“ ќе биде ставен во функција

Мостот на улицата „Љубљанска“ ќе биде ставен во функција!

Како што информира градоначланикот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по години застој, продолжи финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на скопјани.

Довербата што ја добив од вас, мојот народ, за мене е најголема обврска. Обврска да се работи, да се решаваат проблемите што со години стоеле заглавени и да се носат резултати кои граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневието. Со особено задоволство можам да информирам дека по години застој, продолжува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на скопјани“, вели скопскиот градоначалник..

Ѓоргиевски додава дека станува збор за проект од огромно значење за градот. Со неговото завршување, Скопје добива нова, современа и функционална сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на градот, која ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, но и значително ќе ги растовари булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“.

Со ова решение, граѓаните ќе добијат побрз, побезбеден и поефикасен излез кон обиколницата, а сообраќајот во овој дел од градот ќе се одвива многу полесно и поорганизирано.

Проектот, во минатото беше стопиран поради неопходноста од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар, со цел целосна заштита на локалитетот „Скупи“. Но, со сериозна работа, одговорен пристап и силна волја, потребната дозвола е обезбедена, културното наследство е заштитено, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет“, вели Ѓорѓиевски.

Паралелно со изградбата, се предвидува и современо сообраќајно решение за влезот во селото, преку кружен тек или адаптивна семафоризација, согласно реалните потреби на теренот.

Со ова, ќе има помал метеж, поголема безбедност, подобар проток за возила и пешаци и целосна заштита на културното наследство кај Скупи. Унапредувањето на патната и сообраќајната инфраструктура е еден од нашите врвни приоритети, затоа што тоа директно значи подобар квалитет на живот за секој граѓанин. Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град. Продолжуваме силно, одговорно и со дела“, вели Ѓорѓиевски.

Поврзани вести