Skip to main content

Костовски: Поставуваме нови стандарди со тим кој ќе донесе нови проекти за Бутел

Фото: Фејсбук/ Дарко Костовски

Го сакам Бутел!

Ова е мојот, нашиот дом!

Ви благодарам!

Дозволете најнапред да ви се заблагодарам на вас граѓаните на општина Бутел кои во изминативе 4 години, несебично и безрезервно ме поддржувавте, благодарам за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика, наведува градоначалникот на Бутел и кандидат за нов градоначалнички мандат Дарко Костовски во објавата на Фејсбук.

Свесен сум дека не направивме сѐ, но исто така сум свесен дека поставуваме нови стандарди како се управува општината и како се реализираат капитални проектите кои се ветувани со децении наназад!

Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме!

Нашите проекти се големи, а нашите цели достижни.

Ќе градиме и создаваме уште повеќе!

Имаме кандидати за советници кои се почитувани во своите населени места но и докажани професионалци. Тим кој со сигурност ќе донесе многу нови проекти за општина Бутел и во наредниот период. Носител на оваа победничка листа е д-р Никола Божиновски.

Сега има разлика, но за 4 години општина Бутел ќе биде најубавата општина во градот Скопје. Мојата 8 годишна визија е плод на љубов, работа и искреност!

Овие 4 години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел.

Изминаа  4 години на кои сум особено горд, 4 години во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна општина Бутел.

Но, тука не застануваме!

И наредните  4 години ќе бидат исполнете со уште повеќе работа!

Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани.

Продолжуваме со уште посилно темпо!

За модерна, урбана и европска Општина Бутел!, стои во објавата.

Поврзани вести