
ТМРО за градоначалник на Скопје ќе го поддржат независниот кандидат, професорот по моден дизјајн на Европскиот универзитет Александар Рашковиќ.
Нашиот град заслужува нова енергија, визија и модерна перспектива, напиша Рашковиќ на својот фејсбук-профил.
„Верувам во едно Скопје кое ќе биде поуредено, зелено и модерно, град на култура, креативност и можности за сите. Ова не е само моја кандидатура – ова е повик заедно да го редизајнираме Скопје, да му ја вратиме душата и да изградиме иднина на која ќе бидеме горди. Ви ветувам транспарентност, искрена посветеност и работа за доброто на секој граѓанин“, вели Рашковиќ во објавата.