
Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од маалската средба во општина Карпош и порача дека со поддршка на Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, Карпош и Скопје конечно ќе расчистат со нефункционалноста на јавните претпријатија. Тој најави дека веднаш по изборите ќе следува акција за чистење на градот во првите 72 часа, стабилизирање на работата на ЈСП и почеток на реализацијата на мостот Љубљанска, со цел воспоставување на поуреден и функционален град.
,,Kарпош има шанса еднаш засекогаш да расчисти со остатоците од транзицијата, а тоа е со актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски. Нашата светла опција е од другата страна, а тоа е нашиот Сотир Лукровски, којшто ќе ги направи промените заедно со мене и во Скопје, но и во општина Карпош“, истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се соочува со целосен хаос и колапс на јавните претпријатија, а најголем проблем претставува нефункционалноста на Комунална хигиена и ЈСП Скопје. Тој додаде дека, и покрај ваквите услови и неактивноста на актуелниот градоначалник кој се занимава со самопромоција, заедно со Сотир Лукровски вложуваат максимални напори Карпош да биде почист и поуреден.
,,Во Скопје имаме целосен хаос и колапс на сите јавни претпријатија. Но она најмногу што не мачи изминатиов период е нефункционалноста на комунална хигиена и проблемите кои што ги имаме со нефункционалноста на ЈСП Скопје. Изминатиов период дека со Сотир даваме се од себе, да колку толку се амортизираат состојбите, во услови кога комунална хигиена не функционира, во услови кога вашиот актуелен градоначалник овде изиграва инфлуенсер и оди на поткасти што сам си ги прави со договорени негови прашања, вашиот Сотир кој што е вистинската опција за Карпош од 6 часот и пред 6 часот цел изминат период, помага за Карпош да биде почист“, вели Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски најави дека веднаш по вториот круг од локалните избори, кога очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, прв приоритет ќе биде акцијата за целосно чистење на Карпош и Скопје во првите 72 часа.
,,Во првата недела ќе имаме нормализирање на состојбите со ЈСП Скопје, но и ќе започнеме конечно да го откочуваме процесот за мостот Љубљанска да стане функционален, а вие да имате, нов начин на движење овде во Карпош“, кажа Ѓорѓиевски и додаде:
,,Тоа ќе бидат нашите први чекори, а сето она што го имаме ветено во нашата предизборна програма, се обврзав за истото и одговорно стојам зад тоа дека во наредните 4 години ќе биде заеднички со Сотир реализирано овде во Карпош. И секако со поддршка на нашиот претседател, Христијан Мицкоски кој што изминативе година и пол покажа како се сакаат граѓаните, и покажа што значи кога премиерот и Владата стојат зад локалната самоуправа“.

Македонски








