
Министри од ВМРО, Сакате да бидете како Заев. Заев ви е идол. Сакате и вие да се шетате со јахти по белиот свет. Откако ја омажи Македонија во богата фамилија сега плови како капетан во јахтиче од најмалку половина милион евра.
Oвој треба да ви биде пример. Исунчан, освежен ни се смее во фаца дека сите не направи мајмуни. Туку какво е ова другарство, кај му е бизнис партнерот Филипче,прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“, во новата епизода која ќе биде објавена утре.
Едно време пловеа заедно со Венко. Ееее Зоки Зоки, ич не си другар, го остави другарти дома да се мачи да објаснува дека треба да ги внесеме Бугарите во Устав за да почнеме преговори. А ти Зоки нели веќе еднаш почна преговори, ти видат муабети овие вмровциве. Заев е доказ дека и со три часа на училиште може да се дојде до јахта и Дубаи. Само небото е граница за вакви трговци.

Македонски



