
Вториот ден во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија.
Разговаравме за неговите планови, во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор.
Денот го продолживме на панел на којшто разговаравме со светските лидери и претставници на мултинационални компании за предизвиците на човештвото во годините коишто следат, потенцирајќи ја вештачката интелигенција.
Ние како држава не смееме да останеме надвор од овие процеси, бидејќи тоа се процесите коишто ќе имаат водечка улога во следните години.

Македонски




