
Изет Меџити во интервју за „Телеграф Македонија“ најави дека отпочнуваат процедури за формирање нов политички субјект, односно нова партија од коалицијата „Вреди“. Партијата ќе има седиште, информативен центар, кандидати, програма и заедничка листа на советници а за тоа кој ќе ѝ биде претседател, според Меџити не е толку важно.
Не со сите актери, ама ќе биде „Вреди“. Следната недела почнуваме процедура за создавање нов политички субјект кој ќе има штаб, информативен центар, заедничка листа на советници, заедничка програма, рече Меџити.
Меѓу партиите што ќе бидат во новиот политички субјект се ДД, Беса, Алтернатива, а Алијанса на Албанците на Таравари останува надвор.
Таравари пак на Фејсбук напиша дека „еден од најсмешните повици е апелот за промена од некој што користи стар политички менталитет“.
Промената започнува од самиот себе, но за некои е потребно повеќе време, а за други помалку… за жал, има некои кои никогаш не можат да се променат! АА има еден мотив до кој се држи во своите чекори а тоа е посветеноста на луѓето. Среќен е тој што слуша бидејќи ќе му биде полесен патот до победата! А најголемата победа се луѓето, а нашата штотуку започна, напиша Таравари.