
Од архивските фотографии на дискотеката „Пулс“, може да се забележи дека не е прв пат на бината да се користат запаливи реквизити. Фотографиите во продолжение сведочат дека пред четири месеци, односно во ноември минатата година дел од танчарките прават шоу со оган. Сепак, станува збор за различни реквизити, односно на фотографиите нема прскалки, како при настапот на ДНК.
Истрагата треба да покаже, но од она што се виде од видеото снимено непосредно пред трагедијата во дискотеката во Кочани, пиротехничките прскалки на бината го предизвикуваат кобниот пожар, а пак, несоодветните градежни материјали го шират за многу кусо време, пишува „Фокус“.