Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Реновирани скоро сите училишта во Брвеница, а до крајот на мандатот ќе биде заокружена цела патна инфраструктура

Четири години општина Брвеница се развиваше, се урбанизираше и се инвестираше во најмладите, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На територија на цела општина, реализирани се над 100 проекти кои опфаќаат изградба и реконструкција на улици и патишта, се прошируваше водоводната и канализационата мрежа. Вложувањето во најмладите беше еден од врвните приоритети и за таа цел реновирани се скоро сите училишта, се градеа паркови, игралишта. Брвеница доби нов парк кој вклучува партерно уредена инклузивна игротека во вредност од два милиони денари. Во село Челопек се изгради и уреди мултифункционално игралиште и фудбалски терен со вештачка трева во вредност од 3.320.960,00 денари, а во фаза на изградба е спортска сала вредна над 54 милиони денари. Вакви мултифункционални игралишта, паркови и инклузивни игротеки со партерно уредување се изградија скоро во сите населени места на општина Брвеница. Континуирано се вложуваше и во спортот, така што после 20 години во Брвеница се реконструираше и се врати во функција фудбалскиот стадион, проект вреден околу милион денари, додека реконструкцијата на спортската сала чинеше околу 600 илјади, а спортските клубови финансиски се помагаат. За решавање на проблемот за згрижување на децата од предшколска возраст, во фаза на реализација е изградбата на целосно нова детска градинка. Додека пак, во делот на патната инфраструктура до крајот на мандатот, општина Брвеница ќе биде меѓу ретките општини што во целост ќе ја комплетира истата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Паралелно со вложувањето и реализацијата на проекти, се унапредуваше транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и институциите, така што Брвеница стана најтранспарентна општина во Полошкиот регион и меѓу најдобро рангираните во државата, додаваат од владејачката партија.

Поврзани вести