
Во овие историски моменти, кога нашата Македонија стои пред нови избори, пред нови предизвици и пред нови одлуки, ние како народ и како политичка сила покажуваме дека сме подготвени за големи работи. Подготвени сме да бидеме генерацијата што нема да се плаши од иднината, туку ќе ја создава. Генерацијата што нема да ја бара силата во минатото, туку ќе ја покажува со дела во сегашноста, порача лидерот Мицкски вечерва во Кавадарци.
Денес, тука, на 18-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ние ја потврдуваме одлучноста да ја изградиме државата што ќе биде дом на сигурност, правда, достоинство и развој. Зашто држава не се гради со зборови, туку со визија. А визија нема секој. Визијата ја има оној кој ја гледа Македонија не како проблем, туку како потенцијал; не како товар, туку како мисија.Овој Конгрес не е само редовно собирање. Овој Конгрес е момент на национално освестување, на обединување и на разбирање дека времето на Македонија дојде.
Знам дека патот нема да биде лесен. Знам дека ќе има моменти кога ќе треба да донесеме тешки одлуки. Но исто така знам дека Македонија има сила, има капацитет, има народ кој многупати покажал дека знае да се издигне и да оди напред.
18-тиот Конгрес е уште една потврда дека сме единствени, фокусирани и подготвени. Македонија очекува стабилност. Очекува работа. Очекува резултати.И ние ќе ги испорачаме.
Ќе ја водиме државата со разум, со мирна рака, со јасен план и со целосна посветеност.
Покажуваме дека политиката може да биде благородна работа, ауправувањето со Владата.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека може да победи
Македонија ќе покаже дека може да успее.Нашата борба е благородна, нашата намера е чесна, а нашата победа е извесна.Затоа, да се обединиме како никогаш досега!
Да застанеме рамо до рамоДа покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ не е само партија – туку движечка сила на народот, столб на државата и гарант на иднината!
Да одиме напред, со исправена глава и со срце полно со надеж.Да влеземе во новата ера со храброст, решителност и вера во Македонија што ја создаваме.
И затоа вечерва, пред вас, пред народот и пред историјата, го давам мојот завет:Ќе го водам ВМРО-ДПМНЕ со чест.
Ќе ја водам Македонија со одговорност.И нема да дозволам ниту еден ден да биде потрошен залудно.Ова е мој последен мандат како претседател на партијата,но ова е мојот најсилен мандат како слуга на државата.Ќе работам без одмор,ќе барам одговорност без компромис,и ќе стојам исправен без страв.Заедно ќе ја направиме Македонија држава на достоинство, ред и поредок.Заедно ќе ја изградиме генерацијата што ќе дојде после нас.
И заедно ќе покажеме дека малубројната Македонија може да создаде голема историја.„Јас верувам во Македонија, не затоа што е совршена, туку затоа што е наша;а ние сме генерацијата што ќе ја направи достојна на секој што ќе дојде по нас.“

Македонски







