Skip to main content

Владата ги разгледа тековните приоритети од Реформската агенда

Владата денескa oдржа состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. 

-Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите, објави премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница.

Премиерот нагласува дека од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача.

На состанокот биле присутни министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерките за енергетика и за финансии, Сања Божиновска и Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија Бесар Дурмиши и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

Поврзани вести