Адвокатот и поранешен судија, Владимир Туфегџиќ, го искоментира дополнувањето на американската „црна листа“ со две нови имиња – Артан Груби, поранешен вицепремиер на Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд.
Имињата на функционерите ставени на „Црната листа” на САД се пораз за нас како општество и држава во смисла на тоа кој се раководел и одлучувал со фискална мотивација за нашите животи, напиша Туфегџиќ.