Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков денес присуствуваше на Првата седница на Националниот Совет за евроинтеграции. На дневен ред беше Извештајот на Европската Комисија за 2024 година.
Од Европската Комисија добивме објективна слика за подготвеноста на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година. Очекувам следниот Извештај да биде подобар. Посветено работиме како нова Влада на Реформската Агенда и очекуваме како Министерство за европски прашања сите релевантни институции кои се вклучени во истата, одговорно да ги сработат своите задачи. Имаме добар план и ќе работиме, истакна Трајков по седницата.
Со Националниот Совет за евроинтеграции претседаваше Венко Филипче, свое обраќање имаше претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски како и Шефот на Делегацијата на ЕУ, Михалис Рокас.
На седницата присуствуваа и пратеници и претставници на невладиниот сектор, дипломатскиот кор и останати општествени чинители.