Прашан како ја оценува безбедносната ситуација и дали пожарите се хибриден напад, Тошковски, рече дека постојат индиции во она што го говореше вчера премиерот и директорот на ДЗС, но во интерес на истрагата во овој момент не би можел да споделам повеќе информации.
-Будни сме, присутни сме на терен. МВР ги превзема сите потребни надлежни дејствија. Во однос на послендиот пожар што го имавме во фабриката во Трубарево, беа вршени информативни разговори со четири лица и за дел од нив се постапува по насоки на Јавен обвинител и с ебара мерки за обезбедување на нивно присуство. Мислам дека по наредба на јавен обивнител беше предложено да се оди со краткотраен притвор.