
По снежни врнежи што го зафатија дебарскиот регион, Општина Дебар, доцна попладнево информираше дека сите патишта на територијата на општината, како во градот така и во селските подрачја, се исчистени и целосно проодни.
Општинските екипи беа постојано на терен, со цел да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај за сите граѓани. Ги замолуваме граѓаните да покажат зголемено внимание при движењето, особено во ноќните и раните утрински часови по најавата за минусни температури“, порачуваат од општината.

Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат зимска опрема, при чистење на дворовите и тротоарите, да не го фрлаат снегот на коловозот, бидејќи го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста од незгоди.
Исто така, да внимаваат при паркирањето на возилата, да не ги паркираат на коловозите или на места кои го попречуваат сообраќајот и работата на механизацијата за чистење“, препорачуваат од Општина Дебар.

Македонски




