Skip to main content
ВМРО ДПМНЕ

Силеџии кандидати за советници кои крвнички тепаат по улици, во понудата на СДС во Струмица

Поразот на СДС во Струмица е сè поизвесен и посигурен. Сигурниот пораз ја извади на површина целата паника на СДС и губењето контрола на нивните локални шерифи. Листата за советници во Струмица е полна со силеџии кои крвнички тепаат граѓани по улици, станаа брендингот и понудата на СДС на овие избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што немаат друга понуда освен насилство, туку СДС се и во тотална паника од поразот во општина Струмица кој им следи на изборите на 19 октомври. СДС се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат и дека се ближи крајот на нивното владеење, па затоа во Струмица шират страв и паника меѓу жителите. Во недостиг на квалитетни и чесни кадри, СДС нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии. Пред само недела дена, цела македонска јавност го виде видеото на кое кандидати за советници на СДС за Советот во Струмица, крвнички тепаат турист од странство, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова повеќе не смее да биде сликата за Струмица и за вакви насилници не смее да има место во Струмица, посебно не во општинската администрација. Доста им е на струмичани од локалните шерифи и тепачи на СДС, граѓаните сакаат вистински промени! На Струмица и треба Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина, се наведува во соопштението.

Поврзани вести