
Три градежни парцели во месноста Плуждино во Штип се продаваат преку јавно надавање. Секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова информираше дека Општината ја објави втората постапка за нивно отуѓување. Две од парцелите се со намена за лесна и незагадувачка индустрија, додека една со намена за стоваршите. Парцелите се со различна големина, од 6.800 до околу 65 илјади квадратни метри.
Се работи за три градежни парцели, кои што се наоѓаат во место викано Плуждино и овие градежни парцели се со намена индустрија, или поточно две од нив се со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, додека една од нив е со намена Г3 или поточно стовариште. Овие градежни парцели се со различни површини , најголемата е со 65.000 квадратни метри, додека најмалата од нив е со површина од 6800 квадратни метри“, рече Шорова-Ангелова.

Таа посочи дека секоја од парцелите овозможува изградба на приземни објекти со максимална висина до осум метри. Јавниот повик е отворен до 18 мај, а услови се достапни на веб-страницата на Општина Штип и на платформата за отуѓување градежно земјиште.
Шорова-Ангелова додаде дека објавата ќе трае до 18 мај.

Македонски



