Skip to main content

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата. 

Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата. 

Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови.

Како што претходно информираше директорот на Клиничката болница Штип, Владко Захариев хоспитализирани се 38 пациенти и сите се стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен. Пациентите со трет степен изгореници се препратени на клиниките во Скопје за натамошен третман.

Поврзани вести