
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
На 20 јуни 2026 година во 11:00 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20:30 часот, на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Според пријавата, при нападот бил употребен и тврд предмет.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот сите околности поврзани со овој инцидент.

Македонски



