
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото по настанатиот пожар во Трубарево.
Увидните дејствија се преземаат како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на локацијата, а било извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата.