
Како се вели дека во невоља се познаваат пријателите. Македонија со трагедијата во Кочани покажа дека има вистински пријатели кои веднаш се понудија да помогнат.

Нема кој не се понуди да испрати медицинска помош, но и екипи да ги пренесат повредените во нивните земји. Србија, Бугарија, Турција, веќе однесоа повредени на понатамошно лекување и рехабилитација.
Секоја чест за нив. Поддршка стигна и од Европската унија и НАТО. Македонија како членка на Алијансата може да очекува и најконкретна помош во справување со оваа трагедија.
Ни многу посилни земји од нас не можат самите да се справат со волкава бројка на починати и повредени.
Израел како една од земјите со најразвиена медицинска нега веќе испрати лекарска екипа да им помогне на нашите доктори во борбата за секој преживеан пациент од несреќата во Кочани.
Помошта која се нуди од сите страни е доказ за добрата позиција која ја има Македонија во меѓународната заедница. Без пријатели се се може, но довербата треба и да се заслужи.