Skip to main content

Почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

Freepik

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари.

По тој повод денеска во 14:00 часот во салата за седници на општина Кисела Вода прес-конференција ќе одржи директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Ангелов ќе информира за почетокот на обуката и за следните чекори со кандидатите, како и за состојбата со пожарите на отворен простор на територија на државата.

Поврзани вести