Skip to main content

Почна конгресот за обединување на Вреди во еден политички субјект

Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес на која петте партии се обединуваат во еден субјект. На конгресот е најавено присуство на 850 делегати, а предвиден е официјален и работен дел, кога ќе се избираат претседатели. 

На Конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава.

Од Вреди најавуваат нов модел со копретседатели и други тела како што се секретаријати. Ќе бидат усвоени пет резолуции, од меѓу кои резолуција за жените со која се бара 40 проценти застапеност на жените во процесите на донесување одлуки во новата партија, резолуција за млади и еезолуција за децентрализација.

Од Вреди велат дека ова е голем ден бидејќи покрај прославата на Денот на Европа, се прославува и денот на нивното обединување како еден субјект.

Поврзани вести