
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, одговори на прашањето дали верува дека може да ги врати симпатиите на навивачите на клубот.
– Да, верувам. Не оваа сезона – тие ќе имаат свое мислење за оваа сезона и тоа нема да се промени. Но, ако можеме да го имаме летото што го сакаме, тогаш сум 100 проценти убеден дека ќе бидеме различен тим следната сезона. Различен во однос на резултатите, различен во однос на тоа како ќе изгледаат работите. Не е секогаш толку лесно, бидејќи понекогаш знаете што треба да се направи, но не можете. Но, за мене, јасно е што ни недостасува во моментов, изјави Слот за „This is Anfield“.
Ливерпул има 59 бода од 36 натпревари и е четврти на табелата во англиската Премиер лига.
Англиските медиуми пишуваат дека клубот би можел да се раздели со Слот ако „Црвените“ не успеат да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.

Македонски



