
Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината. Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон, вели пратеникот Бране Петрушевски откако поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави на неговиот фејсбук профил дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против него и против д-р Жан Митрев.
Петрушевски вели дека стои зад секој јавно изнесен збор и оти е подготвен аргументите со Заев да ги соочи пред судот и пред јавноста.
Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината. Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер, ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што кои ја интересираат јавноста. А вистината секогаш излегува на виделина, напиша Петрушевски на својот фејсбук профил.

Македонски



