
Посветени и фокусирани сме и на политиката за рамномерен регионален развој за да ги намалиме диспаритетите меѓу и во рамките на осумте плански региони, објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински на Фејсбук.
🆕Општините и Центрите за развој на планските региони ќе реализираат 38 проекти кои ќе се фокусираат на подобрување на инфраструктурата, енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија, со цел зголемување на конкурентноста во регионот.
ℹ️Создаваме темели за одржлив економски раст во сите општини и региони кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на сите граѓани, напиша Перински.