
Нотарската комора изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. Од Комората соопштија дека ќе донираат еден милион денари за помош на семејствата на настраданите.
– Во овие најтешки мигови за нашиот народ, да бидеме хумани, да бидеме општествено одговорни и секој како индивидуа, но и како колективитет во рамките на своите можности да дадеме поддршка на надлежните институции да си ја завршат својата работа во расветлувањето на немилиот настан, се наведува во соопштението од Нотарската комора.
Како општествено одговорна институција, како што стои во соопштението, Нотарската комора дава безрезервна поддршка во борбата против корупцијата и ги поддржува напорите на Владата за нејзино искоренување.
– Сите ние, им должиме на оние што ги загубивме и на идните генерации. Во овие болни времиња, постапките зборуваат погласно од зборовите. Затоа, да останеме разумни, сплотени и солидарни, истакнуваат од Нотарската комора.