
Благодарност до Конрад Аденауер за укажаната можност да се обратам на конференцијата „Бизнис и Интегритет”, посветена на малите и средни претпријатија и нивното рамноправно учество на државните јавни набавки, објави вицепремиерот Николоски.
Малите и средни претпријатија се најзначајниот сегмент во нашата економија, а инвестициите што ги реализира државата се огромна поддршка, што со една заедничка активност ја одржуваме економијата на здрави нозе.
Кога државата обезбедува квалитетни услуги преку транспарентни постапки, ја зајакнуваме довербата помеѓу институциите и бизнис-заедницата. Затоа е важно компаниите да имаат еднакви услови за учество, тогаш државата добива подобри понуди, поквалитетни услуги и поефикасно користење на јавните средства.

Македонски


