Skip to main content

Најмладиот корисник на дрога во Македонија има помалку од шест години!

Сериозни слабости во системот за евидентирање на деца кои се корисници на дрога и ограничени услови за нивни третман и рехабилитација, покажува последното истражување на Народниот правобранител. Најмладиот корисник на дрога има помалку од 6 години и бил евидентиран во 2023- та година на Универзитетската клиника за детски болести. Различните податоци на различни институции се помалку збунувачки за да имаме јасна слика за состојбата, смета Бајрамовска.

„Кога би постоела меѓуинституционална соработка за конкретен случај ќе можеме да зборуваме за единствени бројки, а не да се сомневаме за евентуално поклопување на бројките. И токму во таа насока една од препораките е подобрена институционална соработка и нејзино јакнење. И затоа ги споменав сите значајни алки во следењето, пристапот и правото на здравствена заштита на деца кои се корисници на дроги и психотропни супстанци“, изјави Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народен правобранител.

Во здравствениот и социјалниот систем не постојат специјализирани центри и кадар за третман на зависност кај деца. Народниот правобранител утврдил случај во кој Министерството за здравство дискриминирало деца корисници на дроги, со тоа што не овозможиле соодветен третман.

Поврзани вести