Skip to main content

Надлежните институции за еколошка заштита да излезат на терен и да ги посетат и легалните и дивите депонии, побара Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги повика сите надлежни институции поврзани со еколошка заштита, особено Министерството за животна средина и сите инспекторати и директорати, максимално да се вклучат, секој во рамки на своите надлежности, и да излезат на терен да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да видат не само дали имаат дозвола за работа, туку да видат и дали постапуваат согласно професионални стандарди и законски утврдени правила на игра.

Одговарајќи на новинарски прашања по јавното уништување на запленети наркотични дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“, Тошковски порача дека „треба еднаш засекогаш да сфатиме дека наместо да трчаме да го решаваме проблемот откако ќе се случи, дека треба сите надлежни инстутции превентивно да си ја работат работата за да не дојде до инциденти“.

Прашан како ја оценува безбедносната ситуација и дали пожарите се хибриден напад, Тошковски, рече дека постојат индиции во она што го говореше вчера премиерот и директорот на ДЗС, но во интерес на истрагата во овој момент не би можел да споделам повеќе информации.

Будни сме, присутни сме на терен. МВР ги превзема сите потребни надлежни дејствија. Во однос на послендиот пожар што го имавме во фабриката во Трубарево, беа вршени информативни разговори со четири лица и за дел од нив се постапува по насоки на Јавен обвинител и с ебара мерки за обезбедување на нивно присуство. Мислам дека по наредба на јавен обивнител беше предложено да се оди со краткотраен притвор.

Сите дејствија кои треба да ги преземе како МВР ќе ги преземеме и ве уверувам дека за секој еден за кој што ќе има докази дека учествувал во ваков тип на криминал, којшто е оврзан со еколошки криминал и те како ќе следуваат соодветни дејствија од страна на МВР. Убеден сум дека во истата насока ќе продолжат и обвинителството и судот заради тоа што македонските граѓани заслужуваат и безбедна и чиста Македонија во која што би живееле особено од еколошки аспект – изјави Тошковски.

Истрагата за пожарот во Трубарево, Тошковски рече дека ќе оди најдлабоко колку што може да оди, уште од самиот почеток за работа на предметното правно лице.

Всушност оние кои што беа задржани и оние за кои им е одреден краткотраен притвор се поврзани со сопственичка или управувачка структура во рамки на комапнијата. Така, што ќе биде нужно да се истражи и расветлат сите овие прашања и јас би одел чекор подалеку, не само за оваа фирма, би ги повикал сите институции надлежни во Македонија, особено Министерството за животна средина и сите оние инспекторати, директорати и еден тон институции кои што го имаме, а се поврзани со еколошка заштита, максимално да се вклучат во рамки на преземање на сите нивни надлежни дејствија согласно закон – изјави Тошковски.

Според Тошковски, реткост е во Македонија да се постапува согласно сите професионални стандарди, согласно сите потребни безбедносни мерки, нагласувајќи дека да си ја работеле сите институции работата како што треба, немало да дојде до ова коешто дојде.

Факт е дека институциите се дерогирани повеќе од 30 години во Македонија, се уништувани, се запуштувани, раководени од несоодветен кадар, нефокусирани во насока на преземање на нивни надлежности, непревземање на професионални стандарди. Ако МВР, Агенцијата за одземени имот, Макстрил, ОБСЕ и сите ние можеме да ги почитуваме сите професионални стандарди во уништување на ваков тип на оружје и дрога, не гледам зошто не би требало да ги почитуваат и сите останати компании, кои што се занимаваат со специфичен тип на дејности, од аспект на складирање на електронски отпад – изјави Тошковски.

Зборувајќи за пожарот во Трубаерво, Тошковски, нагласи дека „треба еднаш засекогаш да сфатиме дека наместо да трчаме да го решаваме проблемот откако ќе се случи, сите надлежни инстутции превентивно да си ја работат работата за да не дојде до инциденти“.

Должни сме конктретниот случај да го истражиме најдлабоко колку што можеме, но должни се и сите останати инспекторати, дирекции и други институции, секој во рамки на своите надлежности, да излезат на терен да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да видат не само дали имаат дозвола за работа, туку да видат и дали постапуваат согласно дозволата за работа, согласно професионални стандарди и законски утврдени правила на игра, дали постапуваат согласно подзаконските акти, како треба да се чува тој отпад, како треба да се складира, како треба да се уништува, во кои временски периоди треба да се преземаат дејствијата – изјави Тошковски.

Поврзани вести