
ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е некаде 3:1 има општини каде што е 6:1, 7:1, а им општика каде шро разликата е 10:1, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој потенцира дека во некои општини СДСМ е трета партија.
-Досега се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Петровец, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јагуновце, Вевчани и во многу други, потенцира Мисајловски.
Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. На прогот сме на убедлива победа во Струмица, рече Мисајловски.
Разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со кое сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл.Изворот и причините за својот дебакал треба да си го бараат во сопствените редови.Што се однесува за ДУИ, очигледно дека се декласирани, Али ќе има време да си го анализира својот пораз.Оваа победа е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги водиме.Македонија избира да оди напред, а не да се враќа назад, благодарам Македонијо, благодарам за историската победа