
Никој да не се обидува да игра на етничка карта. Во случајот нема политика и ќе одговараат сите коишто се обиделе да водат политика врз грбот на граѓаните и на животите што ги изгубија децата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Да им одговорам на оние што прават полноќни прес конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме. Ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство како што вчера се обидоа, со тие полноќни прес конференции. Од дома, за уши ќе ги вадиме!, рече Мицкоски.