![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/sudski-sovet-1.png)
Парламентарците треба да одлучат според своја волја, во интерес на државата и граѓаните, истакна на денешната прес конференција премерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Очекувам членовите на Парламентот да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат во однос на Интерпелацијата на членовите на Судскиот совет кои што се нивна ингеренција, односно нивниот избор е под ингеренции на самиот Парламент.
Постои основа за критичка дискусија и дебата, за доброто на државата и граѓаните пратениците треба да одлучат по сопствена волја.
Мислам дека има многу основа за една критичка дискусија и дебата, а секој од парламентарците треба да си одлучува според своја волја и онака како мисли треба да одлучи а кое ќе биди добро за иднината на државата и на граѓаните, тоа е суштината.