Skip to main content

Мицкоски утре ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување

Утре, со почеток во 11:00 часот, во свечената сала на Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски ќе додели решенија за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување.

По завршувањето на церемонијата, премиерот ќе одржи прес-конференција за претставниците на медиумите.

Поврзани вести