Skip to main content

Мицкоски: Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, откочивме еден најзаглавените инфраструктурни проекти

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во употреба на оваа делница за власта е показател за разликата меѓу неа и политичките опоненти и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада, наспроти минатата која го оставила како проект кој бил заборавен и напуштен, на кој немало работници инженери, ниту машини.

На пуштањето во употреба присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека не станува збор само за пуштање во употреба на автопатска делница, туку момент на враќање на вербата и доказ дека кога ќе се преземе одговорноста со чиста советст и искрена намера тогаш промените се случуваат.

-Само една година откако ја презмавме одговорнста да ја водиме државата успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија. Проект кој со години стоше како симбол на застој, срамна слика за држава што такпа во место, а денес е симбол на новото време. Денеска само една година откако ја добивме довербата од народот покажуваме што значи вистинско работење со дела, а не со зборови. Секој метар од автопатот е изграден со напорна работа, но и со јасна волја за напредок и да се стави крај на неуспесите од минатото, рече Мицкоски.

Додаде дека како Влада не застануваат тука и оти следната година автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно завршен и ставен во функција. Тоа нагласи, нема да биде случајна победа, туку планиран успех и резултат на вредна секојдневна одговорна работа.

Вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николоски се согласува дека овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада.

Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија, побрзо да се патува и до Тетово и до Гостивар и до Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и секако да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите кои сакаат да ги посетуваат.

-Ветив дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме целиот автопат на крај на следната година. Само сакам да кажам две работи, првата дека ова беше симбол за неспособноста на минатата Влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нашите политички опоненти. Второт е дека е многу значајно и симболично е што првиот дел од патот го отвораме во славна Дебарца – овде има многу историја, многу приказни а сега и модерен автопат , рече вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Тој се надева дека за многу скоро време ќе биде завршен и вториот дел и до крајот на идната година и целиот автопат. Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.

Поврзани вести