Skip to main content

Мицкоски: Покажавме и докажавме дека дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа

Претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати по повод промовирање на изборната коалиција за претстојните локални избори и потпишување на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“

Денес ја формализираме коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата коалиција која е составена од 25 партии кои се од различен карактер и во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество. Различни структури припадности што само потврдува дека се обединуваме околу заедничка платформа, што подразбира обезбедување на иднина и развој – рече Мицкоски.

Тој додаде дека овие локални избори се важни за нас, за иднината на државата и тоа поради минимум две причини и тоа: Првата е дека локалните самоуправи дирекно се надележни да ги решаваат проблемите на граѓаните и не е сеедно каков градоначалник ќе се избере.

Ние во изминатиот период покажавме и докажавме дека дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скалдал и со многу работа – рече Мицкоски.

Поврзани вести