Skip to main content

„Хинкеман“ утре во Сараево

Претставата „Хинкеман“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во процукција на независниот театар „Златен Елец“ во копрдодукција со фестивалот „МОТ“ од Скопје, утревечер(13.09) учествува на „Sarajevo Theatre Showcase“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Селекцијата на претставите за STS 2025 беше спроведена од независен селекциски комитет составен од Бека Вучо и Улрича Џонсон, во соработка со Андреј Носов. Комитетот ги разгледуваше кандидатурите пристигнати преку отворени повици, со акцент на оригиналноста, уметничката кохерентност, продукциската спремност и регионалниот и меѓународниот потенцијал на претставите.
„Хинкеман“ е работена според анти-воената и експресионистичка драма на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. „Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние кои се различни на било кој начин, секогаш, во било кој историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата.

Во „Хинкеман“ играат: Бобан Алексоски, Надица Петрова, Филип Христовски, Ане Блажовски, Леонида Гулевска, Бранко Михајловски, Дритон Вејсели и Талија Настова. Музиката е на Лука Тошев, а рекламниот материјал на Бојана Цилевска.

Истата претстава следната недела во петок(19.09) ќе се изведе во Драмски Театар Скопје со почеток од 20 часот.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet